|
|
|
|
Најнови
содржини |
|
(декември2011)
Во рамките на билатералниот проект помеѓу Република Македонија,
претставена со Дирекцијата за радијациона сигурност и Кралството
Белгија, претставено со Националниот институт за радиоелементи
во Флеурус, финансиран од Министерството за економија на
Кралството Белгија во 2011 година, Дирекцијата за радијациона
сигурност доби гамаспектрометриски систем за мониторинг на
испуштања на радиоактивни супстанции во животната средина.
повеќе |
|
(27-29
септември
2011)
Во
периодот од 27-27 септември 2011 година
во хотел
Континентал, Скопје, Република Македонија се одржа
Национална работилница за Дизајн на проценка на закани за
нуклеарна безбедност во
организација на Меѓународната агенција за атомска енергија
и Дирекцијата за радијациона сигурност. Целите на
работилницата се опис на процесот за дизајн на проценка на
закани и начинот на употреба, улогите и одговорностите кои се
препорачуваат, опис на улогата на проценката на заканите, опис
на информациите и одлуките кои се потребни за развој на дизајн
на проценка на закани, начин на кој дизајнот на проценката на
закани може да се имплементира во националната инфраструктура за
нуклеарна безбедност, идентификација на основните услови за
преглед и надградба на дизајнот за проценка на заканите.
Предавачи на обуката беа тројца експерти на Меѓународната
агенција за атомска енергија. |
|
(27
септември
2011)
Преставници од Дирекцијата за радијациона
сигурност земаа учество на
Работилница со наслов „Развој на нуклеарни човечки ресурси
во ЕУ
(потенцијалните)
земји-кандидати“
која се одржа во Дубровник, Хрватска,
во организација на Европската комисија. |
|
(26-30
септември
2011)
Преставници од Дирекцијата за радијациона
сигурност земаа учество на
„Регионален
состанок за ажурирање на индивидуалните планови за работа на
државите
“, кој се одржа во Виена, Австрија, во организација на
Меѓународната агенција за атомска енергија. |
|
(19-22
септември
2011)
Преставници од Дирекцијата за радијациона
сигурност земаа учество на
„55-та
Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска
енергија “, која се одржа во Виена, Австрија.
|
|
(14.09.2011)
С О О П
Ш ТЕ Н И Е
во врска со експлозија во нуклеарната постројка
Centraco
во Франција.
повеќе |
|
СООПШТЕНИJA
во
врска со статусот на нуклеарните постројки во Јапонија по
земјотресот и можните последици по однос на територијата на
Република Македонија.
повеќе |
|
(7-9
септември
2011)
Преставник од Дирекцијата за радијациона
сигурност зема учество на
Регионална работилница за воспоставување на национална
позиција и носење на одлука за нуклеарна програма, која се
одржа во Загреб, Хрватска, во организација на Меѓународната
агенција за атомска енергија. |
|
Во периодот 5-9
септември 2011 година, Дирекцијата за радијациона
сигурност беше домаќин на еднонеделна научна посета во
организација на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Имено, станува збор за научна посета на г-динот Сијавуш Азаков,
директор на Агенцијата за регулирање на нуклеарни и радиолошки
активности при Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан.
Целта на посетата беше запознавање на г-динот Сијавуш Азаков со
нашето искуство во подготовка и донесување на Планот за заштита
на населението во случај на радијационен вонреден настан во
Република Македонија односно во воспоставување на системот за
подготвеност и одговор на радијациони вонредни настани. |
|
(22-25
август 2011, Виена)
Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаa
учество на „4-та Регионална работилница (I
дел
) за зајакнување на националните програми за подготвеност и
одговор на радијациони вонредни настани“ која се одржa
во
Виена, Австрија. |
|
(27 јуни
- 08 јули 2011) Преставник од Дирекцијата за радијациона
сигурност зема учество на
„Извршен
тренинг курс за лидерство и менаџмент и ширење на програми за
нуклеарна програма“, кој се одржа во периодот од 27 јуни до 08
јули 2011 година во Франција. |
|
На седница на Владата на Република Македонија
одржана на 14 јуни 2011 година, Владата на Република Македонија
по предлог на Дирекцијата за радијациона сигурност го донесе
Планот за заштита на населението во случај на радијационен
вонреден настан во Република Македонија согласно член 25 став 1
од Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона
сигурност („Службен весник на Република Македонија“, бр. 48/02,
135/07 и 53/11). Со овој план се уредува системот на
подготвеност и одговор на радијационен вонреден настан во
Република Македонија и истиот е објавен во Службен весник на
Република Македонија број 84 од 24 јуни 2011 година.
преземи
|
|
(20
– 24 јуни 2011,
Скопје)
Во периодот 20 – 24 јуни 2011 година во хотел
Континентал, Скопје, Република Македонија се одржа
суб-регионален тренинг курс на тема Медицинска подготвеност и
одговор на нуклеарен или радиолошки вонреден настан во
организација на Меѓународната агенција за атомска енергија и
Дирекцијата за радијациона сигурност. Целта на овој тренинг
курс е обезбедување на знаење за подготвеност на здравствениот
систем и медицинскиот одговор во случај на радијациони вонредни
настани, вклучувајќи и практични аранжмани за третирање на
контаминирани или прекумерно изложени (или потенцијално
прекумерно изложени) лица на јонизирачко зрачење.
На овој тренинг курс учество зедоа 30 претставници од 11 земји и
тоа: Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија,
Бугарија, Кипар, Латвија, Литванија, Естонија и Турција.
Предавачи на обуката беа двајца експерти на Меѓународната
агенција за атомска енергија, д-р Дамир Додиг од Хрватска и д-р
Тураи Иштван од Унгарија.
|
|
Врз основа на член 50 од Законот за изменување и дополнување на
Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона
сигурност (Службен весник на Република Македонија број 135/2007)
Законодавно – правната комисија на седницата одржана на 27
ноември 2010 година, го утврди
Пречистениот текст на Законот за заштита од јонизирачко
зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на Република
Македонија број 154 од 30.11.2010 година).
Пречистениот текст на Законот за заштита од јонизирачко зрачење
и радијациона сигурност ги опфаќа:
Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона
сигурност (Службен весник на Република Македонија број 48/2002)
и од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита
од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник
на Република Македонија број 135/2007). |
|
(24 Ноември 2010) Дирекцијата за радијациона сигурност
спроведе обука за радијациона заштита
и сигурност
за лицата одговорни за радијациона заштита во правните лица што
користат извори на јонизирачко зрачење.
На обуката беа опфатени следните теми:
· Надлежности
и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност
· Основи
на радијациона физика,
биолошки ефекти од изложеност на јонизирачко зрачење и основни
принципи на радијациона заштита
· Професионална
изложеност и изложеност на население
· Медицинска
изложеност
· Постапка
за издавање дозвола за вршење дејност со извори на јонизирачко
зрачење и пријава на изворите
· Програма
за радијациона заштита
·
Надзор над спроведување на Законот за заштита од јонизирачко
зрачење и радијациона сигурност и важечките подзаконските акти.
|
|
(23
Ноември 2010)
Со цел зајакнување на меѓуинституционалната
соработка и зајакнување на контролата на извори на јонизирачко
зрачење Дирекцијата за радијациона сигурност спроведе обука
за радијациона заштита за царински службеници и за припадници од
Министерството за внатрешни работи (за припадници на Граничната
полиција и за лица кои работат на безбедност во внатрешноста на
Република Македонија).
На обуката беа опфатени следните теми:
· Надлежности
и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност
· Основи
на радијациона физика
· Опасност
од јонизирачко зрачење, категоризација на радиоактивни извори,
основни принципи на радијациона заштита
· Радијациони
единици, детекција на јонизирачко зрачење, инструменти
· Одговор
на настани на граничните премини и улога на ЦУ и ГП
· Практична
работа:
· Детекција
на радиоактивни извори и мерење на интензитет на јонизирачко
зрачење
· Одговор
на нелегална трговија со затворени радиоактивен извори и
радиоактивен материјал
·
Детекција на радиоактивен материјал од природно потекло
|