|
(03.07.2008 год.,Блаце)
По пријава на Царинската
управа за зголемена доза на радиоактивност над дозволените
граници во камион товарен со старо отпадно железо на граничниот премин
Блаце, инспектори од
Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен.
Од извршените мерења , кај
камионот со приколка со регистарски таблички
SK881-LB/
SK624-JA,
товарен со старо отпадно железо во Косово, а наменето за Републиика
Грција, константирана е зголемена доза на радиоактивно зрачење над
дозволените граници.
Со мерен инструмент
Target-IdentiFinder
измерена е доза од 3,5µSv/h,
од десната страна во средниот дел на приколката.
Поради зголемено ниво на
радијација забранет е транзит преку територијата на Република
Македонија.
Возилото е вратено во Косово.
|