|
(17.09.2008 год.)
Извршена придружба на
транзит на радиоактивен материјал на територија на Република Македонија
 |
На ден 17.09.2008 година на барање на правниот субјект
ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ носител на дозвола за транзит бр. 09-710/4
издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност, инспектори од
Дирекцијата излегоа на терен и извршија придружба на возилото.
|
Превземање на возилото марка
IVECO тип PICK UP
и регистарски број 31-
VRJ – 3/OG – 06 – PH беше од граничниот премин
Ќафасан во 10 часот.
Итинерер на транзит на радиоактивниот извор низ
територијата на Република Македонија се одвиваше низ градовите:
Кичево, Гостивар, Тетово, Табановце.
Возилото со радиоактивен извор ја помина границата на
Република Македонија на граничниот премин Табановце на ден 17.09. 2008
год. во 15 30 часот.

|