|
(8-10
Октомври 2008 год. Охрид, Р.Македонија)
Почитувани,
Ве известуваме дека во рамки на техничката соработка
помеѓу Република Македонија и Меѓународната
Агенција за Атомска Енергија (МААЕ) со седиште во Виена,
од 8-10 Октомври 2008 година во Охрид,
се одржa
„Субрегионален тренинг курс за радијациона сигурност за царински
службеници“.
Нa
курсот
земаa учество преставници од царинските
управи и од надлежните органи за радијациона заштита и сигурност, како
од Република Македонија, така и од следниве земји:
Словачка, Литванија,
Бугарија, Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и
Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Курсот
беше во
организација на
Меѓународната Агенција за Атомска
Енергија (МААЕ) и Владата на Република Македонија
преку
Дирекцијата
за радијациона сигурност.
Целта на
Курсот беше практична обука за контрола над изворите на јонизирачко зрачење
и преглед на улогата на Царинската Управа во контролата на увозот и
извозот на овие извори.
Оваа обука
е плод на активната соработка на Дирекцијата за радијациона сигурност,
како надлежен орган за вршење на управните и стручните работи од областа
на заштитата од јонизирачкото зрачење и радијациона сигурност во
Република Македонија со
Меѓународната Агенција за
Атомска Енергија.

|