button

     znamemk   znameen

  Насловна
  За Дирекцијата
  Организација
   Надлежности
   Програми
   Цели
  Закони
  Правилници
  Конвенции
  Фотогалерија
  Обуки
  Дозволи
  Архива
  Линкови
  Контакт
 И-ции од јавен карактер  
  Мапа на сајтот
   

Пребарувај

          

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Site Meter

 

 

 

Добредојдовте на страната на Дирекцијата за радијациона сигурност
                                                                                                                                                           следна >>

(17 Ноември 2010) во Софија, Бугарија  директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Др. Нузи Шахин и Претседателот на Нуклеарната регулаторна агенција на Република Бугарија  д-р Сергеј Цочев потпишаа Договор за соработка по прашањата на радијациона заштита, според кој ќе се разменуваат технички информации за осигурување на радијационата заштита и одржување на подготвеноста за радијациони вонредни настани при користење на извори на јонизирачко зрачење и при управување со радиоактивен отпад од објекти/дејности со извори на јонизирачко зрачење.

(3-4 Ноември 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Регионалнa работилница за намалување на ризикот од изложеност на радон која што се оддржа во Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија. Работилницата беше во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација

(26 Октомври 2010) Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Др. Нузи Шахин и директорката на Националната комисија за контрола на нуклеарните дејности на Романија г-ѓа Борбала Вајда потпишаа Меморандум за разбирање според кој ќе се разменуваат технички информации, во врска со активностите за осигурувањето на радијационата заштита на населението, работно изложените лица и животната средина, спречувањето на нелегалната трговија со извори на јонизирачко зрачење и нуклеарен материјал, подготвеност и постапување во случај на радијациони вонредни настани, како и при управување со радиоактивен отпад од објекти/дејности со извори на јонизирачко зрачење и нуклеарни материјали.

(10-16 Октомври 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на обука со наслов „Одржливо управување со искористени затворени радиоактивни извори“ која се одржа во Лисабон, Португалија.

  (4-8 Октомври 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Регионален тренинг курс за радијациона заштита на животната средина за помлади специјалисти“ кој се одржа во Атина, Грција.

  (19-24 Септември 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на „54 –та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија“ која се одржа во Виена, Австрија.

 (30 Август-2 Септември 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Основна обука за брз одговор во случај на радијационен вонреден настан“ која се одржа во Виена, Австрија.

(23-27 Август 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на Трета регионална работилница за јакнење на националната програма за подготвност и одговор на радијациони вонредни настани“ која се одржа во Виена, Австрија.

(5-7 Јули 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Работилница за граѓанска одговорност при нуклеарни штети“ која се одржа во Москва, Русија.

(28 Јуни-1 Јули 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Координативен состанок за ИПА“ кој се одржа во Тирана, Албанија.

(6-10 Јуни 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Симпозиум “ESOREX 2010” кој се одржа во Прага, Чешка.

(31 Мај-5 Јуни 2010)  Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Состанок за нуклеарна безбедност“ кој се одржа во Атина, Грција.

Почитувани,

 Ве известуваме дека со одлука на Владата на Република Македонија назначен е нов директор на Дирекцијата за радијациона сигурност.

 Директор на  Дирекцијата за радијациона сигурност е Др. Нузи Шахин.

Со почит,

 

 (24-28 Мај 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Работилница со наслов „Обезбедување на поддршка за спроведување на современите пристапи и алатки за оценка на радијационото  влијание врз подземна и свежа вода“ која се одржа во Кастела, Хрватска.

(17-21 Мај 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Работилница за EURDEP & AIRODOSE“ која се одржа во Стреса, Италија.

(17-21 Мај 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Отворен стручен состанок за стручни и правни експерти за споделување на информации за имплементација на Кодекс на правила за сигурност и безбедност на радиоактивни извори и доплонителните упатства за увоз и извоз на радиоактивни извори“ кој се одржа во Виена, Австија.

(3-28 Мај 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на Регионална работилница за изготвувањена нацрт правилници за радијациона сигурност“ која се одржа во Виена, Австрија.

(11-19 Април 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Регионален тренинг курс за безбедност на радијациони извори“ кој се одржа во Вилнус, Литванија.

(29-30 Март 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на Работилница за контрола на нуклеарен извоз“ која се одржа во Белград, Србија.

(22-25 Март 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на ЕУ тренинг курс – семинар за политика на енергетика во рамки на проектот „РМ и ЕУ – подготовка за преговори со ЕУ“ кој се одржа во Брисел, Белгија.

(8-12 Март 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Технички состанок за Сериите Препораки за Нуклеарна Безбедност – Детекција и одговор на настани врзани со нуклеарната безбедност“ кој се одржа во Виена, Австрија.

  Актуелно

            * * *

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност

      

 075 / 25 - 42 - 25

 

             * * *

   Анкета
Дали ја подржувате идејата сите истрошени извори на јонизирачко зрачење:
да бидат безбедно и сигурно складирани во државниот склад на Р.Македонија
да останат несоодветно складирани на повеќе привремени складишта

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                           

                         Оставете коментар:                       

 

E-mail адреса: *
Име и презиме *
Вашиот коментар *
* задолжително

Copyright © 2008 Дирекција за радијациона сигурност.