Print
Во рамките на билатералниот проект помеѓу Република Македонија, претставена со Дирекцијата за радијациона сигурност и Кралството Белгија, претставено со Националниот институт за радиоелементи во Флеурус, финансиран од Министерството за економија на Кралството Белгија во 2011 година, Дирекцијата за радијациона сигурност доби гамаспектрометриски систем за мониторинг на испуштања на радиоактивни супстанции во животната средина.             повеќе

 Во периодот од 27-27 септември 2011 година во хотел Континентал, Скопје, Република Македонија се одржа Национална работилница за Дизајн на проценка на закани за нуклеарна безбедност во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија и Дирекцијата за радијациона сигурност. Целите на работилницата се опис на процесот за дизајн на проценка на закани и начинот на употреба, улогите и одговорностите кои се препорачуваат, опис на улогата на проценката на заканите, опис на информациите и одлуките кои се потребни за развој на дизајн на проценка на закани, начин на кој дизајнот на проценката на закани може да се имплементира во националната инфраструктура за нуклеарна безбедност, идентификација на основните услови за преглед и надградба на дизајнот за проценка на заканите.

Предавачи на обуката беа тројца експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија.

(27 септември 2011) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на Работилница со наслов „Развој на нуклеарни човечки ресурси во ЕУ (потенцијалните) земји-кандидати“ која се одржа во Дубровник, Хрватска, во организација на Европската комисија.
(26-30 септември 2011) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на „Регионален состанок за ажурирање на индивидуалните планови за работа на државите “, кој се одржа во Виена, Австрија, во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија.
(19-22 септември 2011) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на 55-та Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија “, која се одржа во Виена, Австрија.
(7-9 септември 2011) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност зема учество на Регионална работилница за воспоставување на национална позиција и носење на одлука за нуклеарна програма, која се одржа во Загреб, Хрватска, во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Во периодот 5-9 септември 2011 година, Дирекцијата за радијациона сигурност беше домаќин на еднонеделна научна посета  во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија. Имено, станува збор за научна посета на г-динот Сијавуш Азаков, директор на Агенцијата за регулирање на нуклеарни и радиолошки активности при Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан.  Целта на посетата беше запознавање на г-динот Сијавуш Азаков со нашето искуство во подготовка и донесување на Планот за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан во Република Македонија односно во воспоставување на системот за  подготвеност и одговор на радијациони вонредни настани.
(22-25 август 2011, Виена) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност  земаa учество на „4-та Регионална работилница (I дел ) за зајакнување на националните програми за подготвеност и одговор на радијациони вонредни настани“ која  се одржa во Виена, Австрија.
(27 јуни - 08 јули 2011) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност зема учество на „Извршен тренинг курс за лидерство и менаџмент и ширење на програми за нуклеарна програма“, кој се одржа во периодот од 27 јуни до 08 јули 2011 година во Франција.

(20 – 24 јуни 2011, Скопје)

Во периодот 20 – 24 јуни 2011 година во хотел Континентал, Скопје, Република Македонија се одржа суб-регионален тренинг курс на тема Медицинска подготвеност и одговор на нуклеарен или радиолошки вонреден настан во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија и Дирекцијата за радијациона сигурност.  Целта на овој тренинг курс е обезбедување на знаење за подготвеност на здравствениот систем и медицинскиот одговор во случај на радијациони вонредни настани, вклучувајќи и практични аранжмани за третирање на контаминирани или прекумерно изложени (или потенцијално прекумерно изложени) лица на јонизирачко зрачење.

На овој тренинг курс учество зедоа 30 претставници од 11 земји и тоа: Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија, Бугарија, Кипар, Латвија, Литванија, Естонија и Турција. Предавачи на обуката беа двајца експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија, д-р Дамир Додиг од Хрватска и д-р Тураи Иштван од Унгарија.