Печати

1. Предмет на продажба со електронско јавно наддавање се движни ствари:патничко моторно возило Југо Флорида

Р. Бр. Марка на возило Тип на возило Локација Боја на каросерија

Регистарски

ознаки

Број и датум на Процената
1 Југо Флорида 1.3 I TNG Бул.Партизански одреди 143,Скопје

Сива

SK -350-PL СВ V 25 /19 од 19.02.2019 година

Движните ствари кои се предмет на продажба можат да се видат на паркингот пред седиштето на Дирекцијата за радијациона сигурност, на бул. Партизански одреди бр.143 Скопје секој работен ден од 12.30 до 14.30 часот.

Стварите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат.

               

2. Почетната цена за електронското јавно наддавање за движните ствари од точка 1 изнесува 19.500,00 денари.

3. Јавното наддавање за продажба на движната ствар од точка 1 ќе се одржи на ден 20.11.2019 година во 10.30 часот.

4. Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите домашни и странски правни и физички лица кои можат да се стекнат со сопственост на движни ствари на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон.

5. Потребни документиза учество на јавното наддавање

Учесниците на јавното наддавање се должни по електронски пат да достават:

- пријава за учество, и

- банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на движни ствари;

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски на интернет адреса:

е-aukcii.finance.gov.mk

Во прилог кон пријавата подносителите треба да поднесат и:

а) за правни лица

- тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија, односно соодветен документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект;

Банкарската гаранција за сериозност на понудата на износ од 2% од проценетата вредност, до истекот на рокот за пријавување, се поднесува и во писмена форма (во оригинал) до Комисијата за спроведување на постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Дирекцијата за радијациона сигурност, бул. Партизански осреди бр.143 Скопје, Република Северна Македонија.

Информации на телефон: контакт лице Кабир Асани – 076 446 797 (секој работен ден од 09 до 14.00 часот).

а) за физички лица

- копија од лична картаили патна исправа

6. Рок за пријавување

За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават до истекот на 15-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на интернет страницата, односно до 14.11.2019 година.

Комисијата на подносителите кои уредно се пријавиле во системот за електронско јавно наддавање, во рок од три дена по истекот на времетраењето на објавата, ќе им достави корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање. (појаснување: ова го креира автоматски системот и го праќа)

7. Начин и постапка за спроведување на јавно наддавање

1. За да се одржи јавното наддавање, потребно е да има најмалку еден учесник.

2. За најповолен понудувач на јавното наддавање се смета учесникот кој понудил последна цена, која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.

3. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор, да уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана и понудувачот во период од 1 година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната движна ствар.                

4. Носителот на правото на сопственост со најповолниот понудувач, ќе склучи договор за купопродажба во рок од 5 (пет) работни дена по извршената уплата на цената на движните ствари.

Данокот на промет и нотарските трошоци за солемнизација на договорот за купопродажба на движните ствари ќе ги сноси купувачот - најповолниот понудувач.

5. Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот. Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

8. Интернет страница на која ќе се одржи јавното наддавање

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на следната интернет страница:е-aukcii.finance.gov.mk

Повеќе информации за објавата на линкот: https://e-aukcii.finance.gov.mk/products/aid/356/