|
(27-30
Октомври 2009) Преставник од Дирекцијата за радијациона
сигурност зема учество на „Регионалниот тренинг курс за
радиоекологија и радијациона заштита на животната средина“ кој
се одржа во Виена, Австрија. |
|
(26-27 Октомври 2009)
во Флеурус, Шарлоа и Лиеж, Белгија се одржа работилница за
управување со медицински радиоактивен отпад во рамките на
проектот: Управување со медицински радиоактивен отпад во
Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово (UNSCR
1244/99),
Црна Гора и Србија. На работилницата беа презентирани на
кратко заклучоците од спроведените мисии на горенаведените земји
од страна на раководителите на проектот, Институтот за
радиоелементи во Флеурус, Белгија. Исто така, беше дадена
препорака за набавка на опрема за Република Македонија во рамки на
идни проекти на ЕК, како за институтите за нуклеарна медицина во
Скопје и Битола, така и за Дирекцијата за радијациона сигурност за
надградување на капацитетите во управувањето со медицинскиот
радиоактивен отпад.
Завршниот технички семинар ќе се одржи во периодот 7-8 декември
2009 година во Брисел, Белгија, по што ќе биде изготвен конечниот
извештај за секоја земја учесничка во проектот. |
|
(28
Септември-3 Октомври 2009)
Двајца
преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа
учество на Првата
работилница за воспоставување на регулаторни барања и упатства за
едукација, обука и квалификации на работно изложени лица која
се одржа во Ташкент, Узбекистан. |
|
(28
Септември-2 Октомври 2009) преставник на Дирекцијата за
радијациона сигурност зема учество на
тренинг курс со наслов “ Безбедност во
транспортот на радиоактивен материјал“ кој е во организација
на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ) од Виена, а
се одржа во Карлсруе, Германија. |
|
(13-17
Јули 2009) во
Виена, Австрија се
одржа Регионална работилница за Самопроценка на националната
регулаторна инфраструктура и за Системот за управување со
информациите за радијациона сигурност (RASIMS системот) во рамките
на проектот RER/9/096 (TSA-1), (Phase II): „Зајакнување на
националната инфраструктура за контрола на радијациони извори“
(Strengthening National Infrastructure for the control of
Radiation Sources) на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
|
(06-07
Јули 2009) во
Виена, Австрија
преставник од Дирекцијата за
радијациона сигурност, зема учество на Работилницата со
наслов „Последните аранжмани и
капацитети за подготовка и одговор на радијациони вонредни настани“ |
|
(22-25
Јуни 2009)
во Охрид,
во склоп на вежбата
“Национален кризен команден центар“ која е организирана под
покровителство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во
Република Македонија, во организација на Меѓународната програма за
нераспространување, Министерството за одбрана на САД, одржан е
курс насловен како “Обука за раководење со кризни инциденти со
оружје за масовно уништување“ |
|
(17
Јуни 2009) во Клуб на пратеници, преставник од Дирекцијата за
радијациона сигурност зема учество на обука за имплементација на
Законот за постапување по претставки и предлози,
организирана од страна на Државниот управен
инспекторат во соработка со СИГМА (Подршка за подобрување на
владеењето и управувањето). |
|
(06-14
Јуни 2009) во САД
преставник од Дирекцијата
за радијациона сигурност зема
учество на
меѓународна
обука за државните системи за контрола над нуклеарен материјал во
земји со ратификуван SQP
протокол |
|
(09-12
Јуни 2009)
Претставници од
Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на „Курсот
за обука на обучувачот за користење на опрема за детекција на
радијација и недозволена трговија на стоки“; која се одржа
во Скопје (9 јуни) и на граничните премини Табановце (10 јуни),
Блаце (11 јуни) и Деве Баир (12 јуни), во организација на
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република
Македонија |
|
(24
Март 2009) во просториите на Агенцијата за државни службеници
се одржа обука на тема „Регистар на
државни службеници“ |
|
(02-06
Март 2009).
во Крива паланка паланка беше одржана
работилница на тема:
Усогласување на изработените предлогподзаконски актипредвидени со
член 26-а од Законот за заштита од јонизирачко зрачење и
радијациона сигурност(Службен весник на РМбр.135/07,
во организација на Дирекцијата за
радијациона сигурност. |
|
(19-23 Јануари 2009) во Подгорица, Црна Гора се одржа регионалнен
тренинг курс со наслов „Регионална
обука за обучувачи на офицери за
радијациона заштита“,
организиран од страна на
Меѓународната Агенција за Атомска Енергија
и
Центарот за Екотоксиколошки Испитувања на Црна Гора. |
|
(3-28
Ноември 2008) во Вилнус, Литванија беше одржан
регионален тренинг курс
за регулаторни тела на тема –
„Регулаторна контрола на
радијационата безбедност и сигурност на радиоактивни извори во
медицината и индустријата.“Тренинг
курсот беше организиран од Меѓународната агенција за атомска
енергија во соработка со Владата на Република Литванија –
Центарот за радијациона заштита |
|
(8-10
Октомври 2008) во Охрид
во рамки на техничката соработка помеѓу Република Македонија и
Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ) со седиште во
Виена
, се одржa
„Субрегионален тренинг
курс за радијациона сигурност за царински службеници“ |
|
(06-10
Октомври 2008) во
Институтот за нуклеарни науки „Винча“ во Белград се одржа курс на
тема „Превенција
на недозволен транспорт на нуклеарен и радиоактивен материјал“.
Истиот е дел
од Меѓународната програма за пролиферација на оружје за масовно
уништување, а
се одржа под покровителство на Американската Амбасада во
Македонија во соработка со Американската Амбасада во Србија и
Стокхолмскиот Интернационален Мировен Истражувачки Институт (SIPRI) |
|
(22-23
Јули, 2008) во просториите на Дирекцијата за радијациона
сигурност се изведе „Обука за опрема за попречување нелегални
активности “ , во организација на Програмата за контрола на
извозот и граничната безбедност во рамките на Стејт Департментот
на САД. |
|
(30
Јуни-4 Јули 2008)
во Прага, Чешка Република се одржа регионална работилница на тема
Регулаторна контрола на изложеноста на населението на јонизирачко
зрачење на која земаа учество и претставници од Дирекцијата за
радијациона сигурност. |
|
(11-16
Мај 2008) во
Santa Fe,
New Mexico,
USA беше одржан
тренинг курс на тема “International
training course on State Systems of Accounting for and Control of
Nuclear Material for States with Small Quantity Protocols
(SQPs)“,
во
организација на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија. |
|
(19-23
Мај 2008) Во рамките на
Меѓународната програма за непролиферација при Министерството за
одбрана на САД, Агенцијата за намалување безбедносни закани(ДТРА)
во Скопје се одржа курс за меѓународни истраги во врска со стоки
со двојна употреба и оружје за масовно уништување. |
|
(24-27
Април 2008) во хотел Александар Палас во Скопје, се одржа
14 -тиот Европски симпозиум за радиофармација и радиофармацевтици. |
|
(21-27
Април 2008) На Медицинскиот факултет во Скопје се одржа
регионален тренинг курс за напредокот во болничката
радиофармармацевтска практика, во организација на Меѓународната
Агенција за Атомска Енергија во Виена во соработка со
Министерството за образование и наука на Република Македонија и
Медицинскиот факултет во Скопје, Институт за патофизиологија и
нуклеарна медицина. |
|
(04-07 Март 2008) Програмата за контрола на извозот и граничната
безбедност предложи тим од Дирекцијата за радијациона сигурност да
оди во Студиска посета на Центарот за Екотоксиколошки истражувања
во Црна Гора. |