|
(12.04.2011)
С О О П Ш Т Е Н И Е
во
врска со статусот на нуклеарните постројки во Јапонија по земјотресот
и можните последици по однос на територијата на Република Македонија
Дирекцијата за радијациона сигурност располага со следниве
информации
во врска со статусот на нуклеарните постројки во Јапонија по
земјотресот и можните последици по однос на територијата на Република
Македонија согласно податоците и информациите кои ги
доби од 12
април
2011 година,
преку Центарот за инциденти и вонредени настани при Меѓународната
агенција за атомска енергија:
Меѓународната
агенција за атомска енергија (МААЕ), потврдила дека Агенцијата за
нуклеарна и индустриска безбедност (НИСА) поднела привремено до
Меѓународната скала на нуклеарни и радиолошки настани ( ИНЕС) ниво
седум за инцидентот во Нуклеарната централа Фукушима Даичи Ова
привремено ниво се случило во првата , втората и третата единица како
единствен настан од ИНЕС.
Ниво седум е настан кој резултира
со
испуштање на радиактивен материјал во животната средина во количина
еквивалентна на испуштањето во атмосферата од неколку десетици илјади
терабекерели на
I-131.
Управување со контаминираната вода во нуклеарната централа
Со цел заштита на испуштањето на контаминираната вода од нуклеарната
централа Фукушима Даичи во морето, извршени се конструктивни работи на
заштитниот ѕид пред пристаништето во јужниот дел на централата.
Во првата, втората и третата единица има 60.000 тони радиоактивна
вода, која треба да се отстрани. Оваа вода треба да биде пренесена во
постројка на третитање на радиоактивен отпад. Нарачани се цистерни за
привремено складирање на радиоактивната вода. На 9 април во втората
единица извршен е пренос на радиоактивнита вода во цистерната за
складирање, а на 10 април изврсен е пренос на радиоактивната вода и во
првата единица.
Испуштање на водата која содржи ниско ниво на радиоактивност од Даичи
во морето
На 5 април била издадена директива во врска со превземањето на мерки
поврзани со испуштањето на радиоактивни материјали од Фукушима Даичи,
а кои може да имаат влијание на животната средина .
На 10 април околу 9000 тони ниско радиоактивна вода на главната
зграда на постројката на третирање на радиоактивен отпад биле
испуштени во морето. Се потврдува дека останатата вода во оваа зграда
е под контрола.
Вшприцување на азот во контаминираната цистерна на првата единица
TEPCO
на 6 април, започнал со подготовките на вшприцување на азот во
контаминираната цистерна на првата единица. Истиот ден било потврдено
дека азотот дистигнал до контаминираната цистерна. Се дискутира за
вшприцување на азот во втората и третата единица.
На 6 април Јапонската Агенција за Нуклеарна и Индустриска Сигурност
(НИСА) наредила на
TEПKO
да ги имплементира следните работи:
-
прецизно да се проверат параметрите на централата и да се превзедат
соодветни чекори за реагирање во случај на неочекувани ситуации кои
може да имаат влијание на сигурноста.
-
Да се превзедат активностите само после осигурување на соодветна
заштита на работниците.
-
Поради можноста на радијациони ослободувања од реакторот, да се
превзеде соодветен зајакнат мониторинг и добиените податоци да бидат
достапни.
Не е планирано вшприцување на азот во втората и третата единица.
На 11 април спречено е вшприцубање на азот во првата единица поради
земјотресот кој се случи во тој период.
Отстранување на остатоците на лице-место
На 6 април започнато е со работа на отстранување на остатоци во
областите во првата, втората, третата и четвртата единица со користење
на тешки машини предводени од Јапонските градежни компании.
Статус на првата единица
Регистриран е покачен притисок во првата единица поради вшпицувањето
на азотот.
Статус на втората единица
На 8 април НИСА објавила дека притисокот се стабилизира
Статус со третата единица
Продолжува попрскувањето, со чиста вода базенот за истрошеното
нуклеарно гориво. Од 18 март до 8 април вшприцани се приближно 5123
тони вода од страна на ТЕПКО. Притисокот во третата единица е
стабилизиран.
Статус со четвртата единица
На 7 април вшприцани се 38 тони вода во базенот за истрошено нуклеарно
гориво, а на 9 април дополнителни 90 тони вода.
Статусот на петата и шестата единица е непроменет.
Објект за складирање на истрошеното нуклеарно гориво
Температурата во објектот за складирање на истрошеното нуклеарно
гориво е стабилна . На 10 април вшприцан е антирасејувачки материјал
за заштита од расејување на радиоактивниот материјал на површина од
550 метри квадратни.
Мониторинг на Фукушима Даичи и Даини
Брзините на амбиентален дозен еквивалент на гама зрачење во воздух во
Даини се помали од 4 μSv/h,
и понатаму продолжуваат да се намалуваат. Вредностите од Фокушима
Даичи се дадени во претходните извештаи.
Мониторинг на брзината на амбиентален д
озен еквивалент
Комплетирани се мерења од 26 градиви од 13 префектури . Во 19 градови
сите мерења од 7 април се помали од 0.10 μSv/h.
Вo
5
градови најмалку едно мерење е во интервал од 0,10 μSv/h
до 0,21 μSv/h
– овие градови се Чиба, Гунма, Токио, и Јамагата. Во градот Чукуба во
префектурата Ибараки брзините на дози се во интервалот од 0,17 μSv/h
до 0,20 μSv/h.
Во градот Фукушима брзината на доза е во интервал од 0,42 μSv/h
до 0,50. Нормалното позадинско зрачење е од интервал 0,05 μSv/h
до 0,10 μSv/h.
Податоците од 10 април покажуваат дека во 22 градови брзините на дози
се помали од 0,15 μSv/h.
Во градовите Чиба, Чукуба и Бункјо вредностите се 0,17 μSv/h.
Во градот Фукушима брзината на доза изнесува 0,42 μSv/h.
Депозиција на радионуклиди во префектурите
Во одредени префектури детектирано е присуството на
I-131
и
Cs-137.
Мониторинг на работниците во Фукушима
На 7 април НИСА потврдила дека помеѓу приближно 300 работници во
Фукушима Даичи, 21 примиле доза која надминува 100
mSv
за време на радијациониот вонреден настан. Ниту еден работник нема
примено доза доза над пропишаната вредност од 250
mSv.
Ситуацијата не е променета од 31 март.
Мониторинг на брзината на амбиентален дозен еквивалент
На 6 април типичните вредности на брзина на амбиентален дозен
еквивалент на гама зрачење во воздухот во Фукушима биле 2,3 μSv/h,
додека пак во Ибраки изнесувале 0,15 μSv/h.
Во останатите 45 префектури брзината на амбиентален дозен еквивалент
на гама зрачење во воздух биле во границите од 0,05 μSv/h
до 0,1 μSv/h.
Податоци за депозиција на радионуклиди во префектурите
На 7 април во пет префектури бил детектиран
I-131
во граници од 3,8
Bq/m2
до 20
Bq/m2
и
Cs-137
во четири префактури во граници од 9,7
Bq/m2
до 25
Bq/m2.
Радиоактивност во храната
Аналитичките резултати за радијација во храната донесени од Јапонското
министерство за здравство, труд и социјала покажале дека во периодот
од 6 до 10 април биле земени 157 примероци на храна. Направени се
анализи за 153 примероци од вкупно 157 и тоа за разновиден зеленчук,
спанаќ и друг листен зеленчук, печурки, овошје (јагоди), свинско месо,
морска храна и необработено млеко во осум префектури (Чиба, Фукушима,
Гунма, Ибараки, Канагава, Нагано, Ниигата и Саитама) покажуваат дека
I-131,
Cs-134 и/или Cs-137 не можат да се детектираат или биле под
дозволените граници пропишани од Јапонските владини институции.
Резултатите за еден примерок морска храна (песок) земен на 7 април во
префектурата Фукушима биле повисоки од пропишаните за I-131.
Резултатите за три примерока печурки земени на 8 април биле повисоки
од пропишаните за I-131,
Cs-134 и/или Cs-137.
Рестрикција на користење на храна
На 8 април воведени се рестрикции за дистрибуирање на необработено
млеко во определени локации во Фукушима, градовите:
( Китаката, Аизумисато, Бандаи, Инаваширо, Мишима, Минамиазу и
Симого). Во Ибараки воведено е рестрикција во дистрибуцијата на
магдонос спанаќ и какина. На 10 април укината е ристрикцијата за
необработено млеко.
Во Чиба воведена е ристрикција во дистрибуција на спанаќ во
градовите Тако и Катори, а во градот Асачи воведена е ристрикција во
дистрибуција на спанаќ, санчу, целер и магдонос.
Во Точиги воведена е ристрикција во дистрибуција на спанаќ и какина во
префектурите.
Радиоактивност во водата за пиење
Од 10 април воведена е ристрикција во конзумирање на водата за пиење
кое се однесува само на едно село во префектурата Фукушима каде што
рестрикцијата се однесува само на доенчињата.
Плутониум во почвата
НИСА известила за резултатите од мерењата на присуството на плутониум
во почвата земена на 25 март и 28 март во Фукушима Даичи. Четири
примероци биле земени на 25 март а 28 примероци на 28 март. За секој
примерок е анализирано присуството на
Pu-238,
Pu-239,240.
Три од седум примероци биле под нивото на детекција за
Pu-238,
а четири примероци биле под нивото на детекција за
Pu-239,240.
Највисоките концентрации биле 0,26
Bq/kg
а
Pu-238
и 0,12
Bq/kg
за
Pu-239,240.
Овие концентрации се помали од нивоата на ослободување на
Меѓународната Агенција за Атомска Енергија.
Состојба во други земји и на територијата на Република Македонија:
Дирекцијата за радијациона сигурност нема добиено известување ниту
преку Центарот за инциденти и вонредни настани при Меѓународната
агенција за атомска енергија,
ниту преку Системот на Европската Заедница за рано известување во
случај на радиолошки вонреден настан (ЕCURIE)
за детектирано зголемено ниво на надворешно гама зрачење во други
земји како последица на случувањата во Јапонија. Дирекцијата за
радијациона сигурност редовно ги следи и вредностите од мониторингот
на надворешното гама зрачење во низа Европски земји преку
EURDEP
– Европската платформа за размена на податоците од радиолошки
мониторинг.
Воедно, Дирекцијата за радијациона сигурност редовно ја следи и
состојбата со надворешното гама зрачење на територијата на Република
Македонија преку мониторинг станиците на Системот за рано
предупредување кој го води Институтот за јавно здравје и измерените
вредности на брзина на амбиентален дозен еквивалент се во границите на
природниот фон за територијата на Република Македонија (0,07-0,30
микроSv/h):
|
|
Брзина на амбиентален дозен еквивалент на надворешно гама
зрачење*
(микроSv/h) |
|
Мониторинг станица |
*
средни вредности измерени во периодот: |
|
|
10.04.2011, 12 ч. до 11.04.2011, 12ч. |
|
Скопје |
0,113 |
|
Велес |
0,165 |
|
Неготино |
0,138 |
|
Гевгелија |
0,114 |
|
Струмица |
0,129
|
|
Берово |
0,139 |
|
Крива Паланка |
0,139 |
|
Дебар |
0,128 |
|
Кичево |
0,137 |
|
Крушево |
0,183 |
|
Битола |
0,197 |
|
Охрид |
0,157 |
Дирекцијата за радијациона сигурност во соработка со Институтот за
јавно здравје продолжува да ја следи состојбата на територијата на
Република Македонија особено во делот на концентрацијата на поедини
радионуклиди во мострите од воздух и атмосферски талози преку
редовниот мониторинг.
Дирекцијата за радијациона сигурност доби информации за детектирани
концентрации на поедини радионуклиди во мостри од животната средина и
во други земји како последица на случувањата во Јапонија (Велика
Британија, Франција, Швајцарија, Германија, Ирска, Сингапур, Грција,
Романија итн.), но истите не се штетни по здравјето на населението. Во
Сингапур сеуште важи забраната за увоз на млеко, млечни производи,
месо, морска храна, овошје и зеленчук од префектурите Фукушима,
Ибараки, Тошиги и Гунма, како и на овошје и зеленчук од Ехиме, Чиба,
Канагава, Токио и Саитама.
|