|
С О О П Ш ТЕ Н И Е
во врска со експлозија во нуклеарната постројка
Centraco
во Франција
Дирекцијата за радијациона сигурност доби известувања за експлозијата
која се случи во нуклеарната постројка
Centraco
во Франција преку Системот за инциденти и вонредни настани при
Меѓународната агенција за атомска енергија, како и преку Системот на
Европската заедница за итна размена на информации во случај на
радиолошки вонреден настан
(ECURIE)
базирани на информациите добиени од центарот за вонредни настани при
Француското тело за нуклеарна сигурност.
Имено,
врз основа на информациите добиени од центарот за вонредни настани при
Француското тело за нуклеарна сигурност, Меѓународната агенција за
атомска енергија потврди дека
станува збор за експлозија на печката наменета
за третман на ниско активен радиоактивен отпад во рамки на нуклеарната
постројка
Centraco
лоцирана во
Codolet во близина на
Marcoule.
Француското тело за нуклеарна сигурност ја потврди смртта на еден (1)
работник како последица на експлозијата, како и повреда на уште
четворица (4) работници од кои еден е со тешки изгореници. Француското
тело за нуклеарна сигурност воедно извести дека настраданите работници
не се радиоактивно контаминирани, како и дека нема и не се очекува
радиоактивно ослободување како резултат на инцидентот.
Причината за екплозијата не е позната и истрагата за истата е во тек.
|