|
Дирекцијата
за радијациона сигурност е самостоен орган на државната
управа со својство на правно лице и врши
управни и стручни работи од областа на заштита од јонизирачкото
зрачење.
Дирекцијата за радијациона сигурност воспоставува систем за контрола
врз сите извори на јонизирачко зрачење, обезбедува соодветна заштита
на населението, општеството и животната средина од штетните влијанија
на јонизирачкото зрачење. Потоа врши надзор на овластени технички
сервиси, правни лица и поединци кои поседуваат извори на јонизирачко
зрачење на територијата на Република Македонија,исто така издава
и одзема дозволи за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење
Дирекцијата за радијациона
сигурност активно учествува во меѓународната соработка на полето на
јонизирачко зрачење, како и радијационата и нуклеарна безбедност и
сигурност.
|