Print

На ден 10.04.2017 година, Дирекцијата за радијациона сигурност прими донација од  Амбасада на Соединетите Американски Држави во Република  Македонија преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност,  која се состои од научна и стручна литература од областа на нукларната физика, радијационата заштита, примената на јонизирачкото зрачење во медицината и сл.
По повод десет годишната успешна соработка на Дирекцијата за радијациона сигурност и Амбасадата на САД во Република Македонија, директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност г-дин Џанер Исмаил организираше свечен прием на г-дин George  Clarke и г-ѓа Фросина Ивановска на кои им додели благодарници за севкупната помош во изминатите години.
На состанокот исто така се дискутираше за идните планови и активности на Дирекцијата за радијациона сигурност и можноста за подршка на Амбасадата на САД во Република Македонија за реализирање на истите.