Новости

Регионална работилница за радијациона и нуклеарна сигурност во Охрид

Во периодот од 19 до 21 мај 2026 година, во Охрид се одржа Работилница за зајакнување на соработката во областа на радијационата и нуклеарната сигурност помеѓу регулаторните тела од Северна Македонија, Бугарија и Србија.
Работилницата претставуваше значајна можност за продлабочување на регионалната соработка и размена на искуства и добри практики во областа на радијационата и нуклеарната сигурност. На настанот учествуваа претставници на надлежните регулаторни тела од трите држави, кои преку презентации и дискусии ги претставија националните регулаторни рамки, клучните приоритети и актуелните предизвици со кои се соочуваат во своето работење.
Во рамки на работните сесии беа разгледани прашања поврзани со регулаторниот надзор, како и законодавната и регулаторна рамка во секој од присутните држави. Посебен акцент беше ставен на важноста од навремена комуникација и воспоставување контакт точки помеѓу регулаторните тела, размена на информации, едукација на вработените и организирање заеднички вежби.
Учесниците дискутираа и за можностите за понатамошно унапредување на соработката преку организирање заеднички обуки и работилници, размена на експертиза и искуства, како и зајакнување на механизмите за меѓусебна поддршка и координација.
Работилницата заврши со изнесување на предлог заклучоци и договор за идни активности насочени кон зајакнување на регионалната соработка, унапредување на капацитетите на регулаторните тела и натамошно подобрување на радијационата и нуклеарната сигурност во регионот.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225