Ја информираме јавноста дека Дирекцијата за радијациона сигурност, во текот на вчерашниот ден, доби известување од одговорното лице за радијациона сигурност при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија
На 23 јуни 2026 година, во просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност се одржа работен состанок со доц. д-р Душко Лукарски, раководител на Одделението за радијациона физика и заштита од јонизирачко зрачење, посветен на унапредувањето на регулаторната рамка во областа на радиотерапијата и заштитата од јонизирачко зрачење.
На состанокот беа разгледани можностите за зајакнување на институционалната соработка, организирање заеднички обуки и едукативни активности, како и унапредување на протоколите и стандардите за безбедно користење на изворите на јонизирачко зрачење.
Посебен акцент беше ставен на потребата од ажурирање и усогласување на законската и подзаконската рамка со современите европски и меѓународни стандарди, со цел поддршка на технолошкиот развој, новите методи на лекување и напредните практики во радиотерапијата и радијационата медицина.
Воедно, беше нагласена важноста од континуирано стручно усовршување, развој на човечките ресурси и јакнење на стручните капацитети за обезбедување висок степен на радијациона сигурност и квалитет на услугите.
Состанокот претставува значаен чекор кон понатамошно зајакнување на соработката помеѓу регулаторните институции и стручната јавност, со заедничка цел – унапредување на радијационата сигурност, заштитата на пациентите и здравствените работници и развој на современа и безбедна радиотерапија во Република Македонија.

На 9.6.2026 година, Дирекцијата за Радијациона сигурност потпиша Меморандум за соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Дирекцијата за радијациона сигурност и Природно-математичкиот факултет потпишаа Меморандум за соработка.
Во периодот од 19 до 21 мај 2026 година, во Охрид се одржа Работилница за зајакнување на соработката во областа на радијационата и нуклеарната сигурност помеѓу регулаторните тела од Северна Македонија, Бугарија и Србија.
Во периодот од 27 до 30 април 2026 година, во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, се одржа меѓународната конференција IAEA Conference on Effective Nuclear and Radiation Regulatory Systems