Дирекцијата за радијациона сигурност од 2015 година учествува во спроведувањето на ИПА проектот „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“ кој започна на 01 јули 2015 година кој е предвидено да трае 36 месеци, односно да заврши во 2018 година.
Новости
Почитувани,
на следниот линк можете да најдете корисни информации поврзани со јонизирачкото зрачење, изворите на јонизирачко зрачење, заштитни материјали коишто се користат, основните принципи за радијациона заштита, биолошките ефекти на јонизирачкото зрачење, примената на изворите на јонизирачко зрачење и споредбата на ризици.
Во февруари 2018 година делегација на Дирекцијата за радијациона сигурност, предводена од директорот г-дин Светислав Ѓорѓевиќ, учествуваше во работна посета на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Агенцијата за заштита на природата и животната средина, којашто е регулаторното тело во Црна Гора од областа на заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.
На 14 декември 2017 година делегација на Дирекцијата за радијациона сигурност предводена од директорот г-дин Светислав Ѓорѓевиќ учествуваше во работна посета на регулаторното тело на Косово, Агенција за радијациона заштита и нуклеарна сигурност со цел воспоставување на билатералната соработка преку потпишување на Меморандум за разбирање.
Во периодот 29 октомври - 07 ноември 2017 година во Република Македонија се одржа првата мисија за интегриран систем за регулаторна проценка (ИРРС) за Република Македонија.
Во периодот 16-18 октомври 2017 година Дирекцијата за радијациона сигурност организира работилница за оптимизација на медицинска изложеност, во рамките на проектот на Европската комисија EuropeAid/136376/DH/SER/Multi/2,
Дирекција за радијациона сигурност
Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.
Контакт
Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија
е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност: