ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ
Почитувани,
Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15 и 53/15) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.157/18), објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, за движните ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност.