Завршен состанок во рамките на ИПА проектот „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“.

Во периодот 24-25 мај 2018 година во Брисел, Белгија се одржа завршен состанок во рамките на ИПА проектот  „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“.

6-ти состанок за прегледување на извештаите по Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад

На 23 мај 2018 година во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија во состав Светислав Ѓорѓевиќ – директор на Дирекцијата за радијациона сигурност, Трифче Сандев и Горан Трајков, учествуваа на 6-тиот состанок за прегледување на Извештаите на земјите пристапнички на Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад.

Oбука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија

На ден 15 мај 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија. На обуката присуствуваа претставници на Царинската управа од сите регионални центри и истата ја спроведоа 5 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.

Oбука за припадниците на Граничната полиција на Република Македонија

На ден 30 април 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Граничната полиција на Република Македонија. На обуката присуствуваа 19 претставници на Граничната полиција од сите регионални центри и истата ја спроведоа 6 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.

Учество на претставници од ДРС во емисијата 24 анализа

На 15 март 2018 година, претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност, учествуваа во емисијата 24 анализа, во живо со Менче Точи, на телевизијата 24 вести.
Тема на дискусијата беше  прашањето околу радиоктивниот извор Co-60 на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и можностите за негово извезување од државата. Беа опфатени и теми за радиоактивниот отпад во Македонија, времените складишта како и потребата од воспоставување на национален склад за радиоактивен отпад.

http://24vesti.mk/24-analiza-ima-li-opasnost-od-radijacija-kako-i-koga-kje-se-iznese-od-drzhavata

Што претставува осиромашен ураниум

На следниот линк можете на најдете корисни информации за осирамошен ураниум, неговата употреба, сличности и разлики од природниот ураниум како и линкови за повеќе информации.

Oсиромашен ураниум

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225