Новости

Конвенција - Април 2026

Во периодот од 13 до 24 Април 2026 година, во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија се одржува 10-от состанок на договорните страни на Конвенцијата за нуклеарна безбедност.

Република Северна Македонија на состанокот ja претставуваше делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност, предводена од директорот Дејан Богојевски и претставник од Постојаната мисија на Република Северна Македонија при меѓународните организации, со седиште во Виена.

Македонската делегација ја презентираше националната презентација на 16 април 2026 година и во рамките на истата беа претставени: основни информации за националната програма во државата (законска и регулаторна рамка, регулаторно тело, радијациона заштита, подготвеност за радијациони вонредни настани); превземени активности во изминатиот период во насока на исполнување на предизвиците и препораките од предходно одржаниот заеднички 8-ми и 9-ти состанок за преглед на конвенцијата; ажурирањата на националниот извештај, како и тековните и идните предизвици со кои се соочува Дирекцијата за радијациона сигурност.

Како еден од клучните приоритети во наредниот период се издвојува потребата од дополнително зајакнување на човечките и финансиските ресурси на Дирекцијата со цел доследно исполнување на националните и меѓународните обврски.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225